Сериозен пресврт пред избори во САД! Камала го презеде водството во клучната држава на Трамп

Трамп Камала Харис дебата EPA-EFE/DEMETRIUS FREEMAN / POOL

Иако Доналд Трамп извојува убедлива победа во оваа држава на изборите во 2016 и 2020 година, неговата противкандидатка Камала Харис сега го презеде водството.

Демократскиот претседателски кандидат на САД, Камала Харис го престигна републиканецот Доналд Трамп во Ајова. Се верува дека жените гласачи се одговорни за овој пресврт во државата што Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, покажуваат резултатите од  најновите резултати од анкетата на Des Moines Register/Mediacom Ајова објавени во саботата.

Анкетата спроведена на 808  гласачи во Ајова, анкетирана од 28 до 31 октомври, покажа дека Харис води пред Трамп со 47 отсто наспроти 44 отсто во држава која во последниве години важи за про- републиканска.

„Анкетата покажува дека жените, особено оние кои се постари или политички независни, се свртуваат кон Харис“, се наведува во анкетата на Регистер.

Трамп ја освои Ајова во последните две претседателски кампањи за повеќе од девет процентни поени во 2016 година и осум процентни поени во 2020 година. Изборниот тим на Трамп оцени  дека анкетата не ја одразува состојбата и расположението на електоратот во Ајова.

Тие ја посочуваат  анкетата  спроведена од  Емерсон колеџот за анкета на слични веројатни гласачи од 1-2 ноември, која имаше сосема поинаков резултат, при што Трамп беше пред Харис со 10 поени разлика.

Трамп Камала Харис дебата
EPA-EFE/DEMETRIUS FREEMAN / POOL

Трамп има поддршка од мажи и независни кандидати

Истражувањето на колеџот Емерсон покажа дека Трамп имал силно водство пред Харис меѓу мажите и независните кандидати, додека Харис имала  голема подржка кај  гласачите помлади од 30 години.

На национално ниво, Харис и Трамп се во тесна трка за Белата куќа, а предвременото гласање е во тек. Официјалниот датум на изборите е 5 ноември.

Кој и да победи во Ајова ќе собере шест гласови на Изборниот колеџ. За победа во Белата куќа потребни се вкупно 270.

И двајцата кандидати своите кампањи во нивното финале ги  фокусираа на клучните swing држави како Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот