Серијата трки на пет дестинации покрај вода стартува од Скопје

Фото: Фејсбук

Летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019″ стартува во недела со петкилометарска трка во Скопје, по што следуваат трките во Дојран на 14 јули, Претор на 21 јули, Маврово на 28 јули и завршната трка во Охрид на 3 август.

Првите три трки се на пет километри, а потоа се трча полумаратон во Маврово и трка на десет километри на финалниот натпревар во Охрид.

Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв” во рамки на платформата „Ја трчаме Македонија” и во нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд во вредност од 60.000 денари. На секоја од трките, првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, информираат организаторите.

Пријавувањето за учество во „Beach Run 2019“ може да го направите тука. Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот