Серијата „Игра на престоли” беше и победник и губитник на наградите Еми (ВИДЕО)

Profimedia

„Игра на престоли“ третпат по ред е прогласена за најдобра драмa, a имаше неверојатни 32 номинации.

Наградата во категоријата комедија ја освои серијата „Скитник“, додека најдобар глумец во комедија е Бил Хедер, а глумица Фиби Волер Бриџ.

Најдобра мини-серија е „Чернобил“.

Останатите награди можете да ги погледнете на сајтот Еми награди.

Серијата „Игра на престоли” беше истовремено и победник и губитник на вечерта на  Еми наградите. На екипата на серијата припаднаа две награди – за најдобра драмска серија и за глумецот Питер Динклиџ кој ја доби наградата за најдобра споредна машка улога.

Питер Динклиџ/Profimedia

Но, фактот дека серијата беше и најголем губитник, и покрај рекордниот број на гледаност, беше дека не го оствари очекуваниот успех.

Не треба да се занемари ни успехот на серијата „Скитник“ која беше ѕвезда во категоријата на хумористични серии, а која доби награда за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобра главна женска улога за глумицата Фиби Волер Бриџ.

Интересно е што годинава Еми наградите немаа водител, а честа на отворањето му припадна на цртаниот лик Хомер Симпсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот