Серија земјотреси во Србија, најсилниот во околината на Крагуевац

Земјотрес /Фото: МИА

 

Српскиот Републички сеизмолошки завод соопшти дека утринава во 5.18 часот е регистриран уште еден земјотрес во околината на Крагуевац.

Според информациите, земјотресот бил со јачина од два степена според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес е регистриран во вторникот вечерта во 23.25 часот и бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во околината на Крагуевац, се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека синоќешниот земјотрес бил со јачина од 4,4 степени, а епицентарот на четири километри југоисточно од Крагуевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот