Серија земјотреси во Грција: Последниот со јачина од 4.4 стапени според Рихтер

Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди грчкиот остров Крит, соопшти атинскиот институт за геодинамика.

Земјотресот се почувствува денеска во 17,00 часот, а епицентарот се наоѓа на 28 километри југо-западно од градот Сфакија, на длабочина од 10 километри, пренесе весникот „Катимерини“.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,5 степени по Рихтер. Засега нема информации за причинетата штета.

Крит денеска го потресоа уште два земјотреси со јачина од 4 и 3,5 степени од Рихтер. Двата земјотреси се регистрирани во близина на малиот остров Гавдос, јужно од Крит, на длабочина од 10 километри.

Островот Гавдос припаѓа административно на Крит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот