Серија предавања против сајбер булинг низ училиштата во Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

Насилството во виртуелниот простор, за жал, е многу често и може многу лесно да се пренесе во реалноста и децата можат да бидат и физички загрозени.

По иницијатива на Општина Кисела Вода започна серијалот предавања во општинските училишта посветени на препознавање и заштита од сајбер насилство.

Како што информираат од оваа скопска општина согласно претходно договореното со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, инспектори од СВР Скопје, од ПСОН Кисела Вода, заедно со претставници на Црвениот крст преку кои се спроведува проектот, одржале работилница во ООУ „Кузман Јосифовски Питу”.

– Дали ме малтретираат онлајн? Како можам да ја препознам разликата помеѓу шега и силеџиство на социјалните мрежи? Кои се ефектите од сајбер-силеџиство? Со кого треба да разговарам доколку некој ме малтретира онлајн и зошто е важно да пријавам? Ова беа само дел од прашањата за кои основците дебатираа со стручните лица, кои им дадоа насоки што ќе им помогнат да разберат што е сајбернасилство, какви форми има, како да се справат со него и како да го спречат. Беа информирани и дека е отворена телефонска линија и електронска адреса на која сајбербулингот може да се пријави. Секој кој смета дека се соочува со сајбер насилство може да се јави на 071 30 30 11 или на [email protected] информираат од Општина Кисела Вода.

Оттаму велат дека, насилството во виртуелниот простор, за жал, е многу често и може многу лесно да се пренесе во реалноста и децата можат да бидат и физички загрозени.

Токму затоа, Општина Кисела Вода, полицијата и Црвениот Крст, го отпочнаа овој проект за превенција преку едукација. Заедно со учениците, наставниците и родителите сакаме да ја кренеме свеста за сето она што може да се случи преку сајбер булинг. Серијалот предавања ќе продолжи и во наредниот период низ сите општински училишта на оваа територија – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот