Серија политички критики за скандалозниот план на Љубчо Георгиевски

Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски вчера на својот Фејсбук профил понуди акциски план за излез од спорот со Бугарија. Според неговиот план, составен од пет точки, потребно е да ѝ се дадат гаранции на Бугарија дека Македонија нема територијални апсирации кој Пиринскиот дел. Очекувано, неговиот скандалозен план предизвика серија политички реакции.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушта пробен балон.

– Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации, директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И СДСМ се изјасни дека нивните ставови се различни од оние на Георгиевски.

– Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа, повторувам уште еднаш, македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Ниту се разговарало, ниту во иднина ќе се разговра на оваа тема. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со коишто ние апсолутно немаме никакви допирни точки, изјави пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот