Серија напади во Судан: Загинаа 7 бунтовници, 16 се ранети

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED ABU OBAID

Во Судан седум лица загинаа, а 16 се ранети минатата недела кога вооружени напаѓачи упаднаа во едно село во покраината Јужен Дарфур, соопштија денеска од организацијата која застапува стотици илјади луѓе раселени во локалните судири во југозападот на земјата.

Невладината организација Генерален координационен одбор за бегалци и интерно раселени лица ги обвини припадниците на арапските фракции познати како движење Џанџавид за нападот на селото Хабубав, пренесува Ројтерс.

Сепак, нема официјална потврда кој е одговорен за серијата напади на селата кои доброволно почнаа да примаат повратници од бегство.

Локалните официјални лица во покраината Јужен Дарфур соопштија дека селото го нападнале околу 200 вооружени мажи, како и дека силите за безбедност го одбиле смртоносниот напад, извести државната агенција СУНА на која се повикува Ројтерс.

Судирите во Дарфур избија откако против официјален Картум се побунија главно припадници на неарапски народи додека 2,7 милиони се раселени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот