Серија кражби на оловни плочи во штипскиот „Безистен“

При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Серија на кражби се случуваат во уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Полицијата вчера на лице место го фатила 26-годишниот С.Н. од Штип, како ги краде оловните плочи од кровната конструкција на објектот. Но, директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека кражбите на оловните плочи продолжиле и синоќа, кога се одземени уште шест оловни плочи.

-Една плоча тежи од 40 до 50 килограми, во континуитет неколку дена се крадат овие плочи од кровната конструкција, единствено за Нова година не забележавме кражба на плочите. Станува збор за штета од над 10.000 евра, вели Штерјов.

Крадецот пред два дена е фатен, качен на дрвени мердевени, како ги одзема плочите,  а неговиот автомобил бил  паркиран во непосредна близина. Штерјов се надева на соработка од месното население, но за да се заштити објектот од вакви дрски крадци најави поставување и на видео надзор. Досега од кровната конструкција на уметничката галерија „Безистен“ во Штип се украдени 26 оловни плочи. Инаку ваква кражба е регистрирана и пред две години, кога на лице месо се фатени двајца крадци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот