Серија инциденти пред Собранието на Србија во Белград (ВИДЕО)

Група демонстранти ја пробија оградата пред Парламентот, но полицијата успеа да ги отстрани и да го опколи Собранието.

Демонстрантите во Белград почнаа да фрлаат камења, факели, и шишиња кон влезот на Парламентот каде се распоредени полициски сили.

Полицијата во одбрана употреби солзавец како и во изминатите три дена додека траат протестите.

Жандармеријата се обидува да ги потисне демонстрантите кои ја нападнаа полицијата и да го заземе платото пред Парламентот. Во одговор, демонстрантите фрлаат кон нив и со бетонски коцки од плочник.

На моменти беше мирно на протестите каде демонстрантите почнаа да се повлекуваат, но една група почна да фрла по плициските сили. Според белргадски медиуми, регистрирани се и најверојатно шок бомби од полицијата.

Илјадници луѓе се собраа во Белград и вечерва, четврти ден по ред пред српскиот Парламент на протести и покрај одлуката на Кризниот штаб да забрани собирање на повеќе од 10 лица, јавија белградски  медиуми.

Прочитајте и...  Хоти бара од косовските безбедносни институции да се координираат со КФОР

Протести има во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Чачак, Зрењанин, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволство од сегашната политичка и епидемиолошка состојба во државата. Неколку илјади луѓе се собраа пред Националното собрание во Белград. Група демонстранти ја пробија оградата пред Парламентот, но полицијата успеа да ги отстрани и да го опколи Собранието.

Прочитај повеќе

Џасинда Ардерн: Понатамошно ширење на Ковид-19 ќе влијае на одлуката за избори

МИА Агенција

Повторно има интернет во Минск, приведени над 2.000 лица во протестите по претседателските избори

МИА Агенција

ДИЖС: Нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во реката Вардар

МИА Агенција

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се воведе PCR тест за патниците од соседството кои транзитираат низ државава

МИА Агенција

Бутан првпат прогласи сеопшт карантин поради едно заразено лице од Ковид-19

МИА Агенција

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс” денеска на програмата на „Охридско лето”

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Рекорден број смртни случаи во Австралија за 24 часа

МИА Агенција

Различни ставови како да почне наставата 

МИА Агенција

Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

МИА Агенција

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен

МИА Агенција

На тема образование не смее да има импровизации и изговори, во фокусот на реформите интернетот и дигитализацијата

МИА Агенција

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот

МИА Агенција