Серија експлозии во палестински бегалски камп во Либан, десетици повредени

Либанска полиција патролира/ Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Најмалку 10 лица се повредени во неколкуте експлозии што синоќа одекнаа во палестинскиот бегалски камп Бурџ ал-Шимали, во јужен Либан, соопшти палестинската Црвена полумесечина, пренесува ДПА.

„Околу 10 до 12 лица се здобија со полесни повреди “, соопшти организацијата.

Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) соопшти дека во бегалскиот камп Бурџ ал-Шимали, во близина на пристанишниот град Тир, се разнело складиште за оружје на исламистичката палестинска организација Хамас.

Жителите кои живеат во близина на кампот изјавија дека почувствувале како земјата се тресе под нивните нозе.

Претходно, палестински извор лоциран во близина кажал дека во близина на џамијата непосредно пред експлозиите избувнал пожар.

Државната агенција подоцона јави дека во експлозиите има и жртви.

Засега не е позната причината за експлозијата во кампот, изјавија за американските медиуми жители на кампот и додадоа дека екипите на брзата помош пристигнале на лице место.

Првичните информации, сепак,говорат дека пожар избувнал во цистерна со гориво и се проширил на блиската џамија под контрола на палестинската екстремистичка група Хамас.

Либанската армија пристигна и го блокираше подрачјето на кампот, објави државната агенција.

Во Либан се сместени десетици илјади палестински бегалци. Повеќето од нив живеат во 12 бегалски кампови распространети низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот