Серија А се чини дека ќе почека, одбиен протоколот за продолжување на сезоната

фото: твитер

Италијанскиот министер за спорт, Виченцо Спадафора предупредува дека „не е безбедно“ Серија А да се врати оваа година.

Екипите од Серија А според зборовите на премиерот Конте, треба да се вратат на тренинзите на 18 мај, а сезоната да продолжи во јуни, но нема гаранции дека тоа ќе се случи.

– Не притискаат, но медицинскиот протокол тоа не може да го гарантира. Ќе видиме што ќе се случи тогаш. Екипите ќе се вратат на групните тренинзи, но само доколку биде потврдена безбедноста за сите актери во наредните неколку недели – изјави Спадафора.

Според сценариото на Серија А, тренинзите на екипите би започнале на 18 мај, а првото коло од преостанатите 12 би се играло на 2 јуни, за кога е планирано да бидат отворени и фризерските салони и салоните за масажа во Италија.

– Не сакам да го успорам продолжувањето на фудбалот, но морам да кажам дека не знаеме што ќе се случува дотогаш и мора да бидеме внимателни. Постојат одредени протоколи за безбедност за спортистите. Италијанската фудбалска федерација вчера го достави протоколот, но медицинските експерти го прогласија за недоволен така што е потребно да се работи на него. Само кога тоа ќе се случи и ќе има договор за протоколот, тогаш ќе одлучиме дали ќе може или не да се игра фудбал – рече Спадафора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот