Серија А: Роналдо му донесе бод на Јувентус! (ВИДЕО)

фото:твитер

Фудбалерите на Јувентус и Сасуоло ги поделија бодовите во 14. коло од италијанското првенство, откако мечот во Торино е завршен со резултат 2:2.

Сасуоло дојде до бод во дуелот со Јуве за првпат од октомври 2015. година, откако торинскиот тим имаше седум триумф во меѓусебните пресметки. Мечот го одбележа младиот голман на гостите, Стефано Турати, кој беше заслужен што Сасуоло го освои првиот бод во Торино.

Екипата на Маурицио Сари поведе во 20. минута, откако прецизен беше Леонардо Бонучи, но радоста на домаќините не траеше долго, бидејќи три минути подоцна израмни Жереми Бога.

На стартот од вториот дел Сасуоло и водеше после грешката на домаќините која ја искористи Франческо Капуто.

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо го спаси својот тим од пораз, од белата точка за поставување на конечниот епилог. Јуве и натаму е на врвот со 36 бодови, но сега само два повеќе од Интер кој има шанса да се искачи на првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот