Серија А: Римската „волчица“ не се откажува од шампионската трка!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Рома дојде и до седмата победа сезонава (втора по ред) остварена на домашен терен против Торино со 3:1.

Популарните „бикови“ имаа проблеми уште од стартот бидејќи во 14 минута од средбата поради два жолти картони теренот предвреме мораше да го напушти Синго.

Ваквата предност од еден фудбалер повеќе ја искористи составот на Фонсека, во првото полувреме постигна два гола преку Мхитарјан и Веретут од пенал.

Во листата на стрелците се запиша и Пелегрини после асистенцијата на Мајорал, а конечниот епилог го постави Белоти во 73 минута од мечот на „Олимпико“.

Римската „волчица“ на табелата во Серија А е четвртопласирана со 24 бодови, колку што има и Јувентус на третата позиција, а четири помалку зад водечкиот Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот