Серија А: Радост за Пандев, Несторовски без гол против Парма!

twitter.com/Udinese_1896

На градското дерби во Рим на „Олимпико“ нерешено одиграа екипите на Лацио и Рома (1:1). После првото полувреме водеше „волчицата“ со голот на Коларов од пенал, а израмнија „небесно-сините“ со погодокот на Алберто во 58 минута од средбата.

Потоа, Интер го забележа и вториот триумф по ред сезонава на гостувањето кај Каљари со 1:2. „Неро-аѕурите“ водеа по првите 45 минути со голот на Мартинез. на стартот од вториот дел кај домаќините стрелец беше Жоао Педро, а трите бода за гостите ги донесе Лукаку кој беше прецизен од пенал во 72 минута.

Удинезе го претрпе првиот пораз во Серија А и тоа пред своите гледачи од Парма со 1:3. Први фудбалерите на Тудор стекнаа предност во 17 минута благодарение на Ласања, а непосредно пред паузата за нов егал на мечот се погрижи Жервињо после асистенцијата на Швеѓанецот со македонско потекло, Кулушевски.

Гаљоло стрелаше за пресврт во 59 минута, а повторно асистираше Кулушевски. Нашиот репрезентативец Илија Несторовски беше стартер и настапи до 70 минута кога беше заменет од Пусето, а со третиот погодок кој беше дело на Инглезе „млекарите“ ги потврдија трите бода.

Џенова триумфираше минимално над Фиорентина (2:1), нашиот Горан Пандев доби шанса од 84 минута кога го замени Пинамонти. Претходно играчите на Андреацоли водеа по првиот дел со голот на Запата, па зголеми Куаме, а „виолетовите“ успеаја единствено да го ублажат поразот преку Пулгар од белата точка (76`).

На останатите дуели беа постигнати следните резултати: Аталанта-Торино 2:3, Лече-Верона 0:1 и Сасуоло-Сампдорија 4:1. На табелата водат Интер, Јувентус и Торино со по шест максимални бодови, по четири Лацио, Џенова и Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот