Серија А повторно интересна: Лукаку, Де Лихт, Рибери, Елмас, Несторовски..!

фото: depor.com

В сабота ќе стартува новата сезона во најсилната италијанска фудбалска лига, првиот натпревар е од 18.00 часот кога бранителот на титулата Јувентус гостува кај Парма, а од 20.45 часот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е гостин на Фиорентина.

facebook.com/SSCNapoli/

Избран е идеалниот тим најзвучни засилувања досега во летниот преоден рок во Италија, кои дојдоа од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Атлетико Мадрид, потпишани договори со некои од најдобрите европски таленти што јасно говори дека многу порасна финансиската моќ на италијанските клубови.

Во формација „4-3-3“ на голманската позиција е Пау Лопез (Рома), потоа во одбранбениот дел Данило (Јувентус), Де Лихт (Јувентус), Годин (Интер) и Тео Ернандез (Милан). Во средниот ред Рабио (Јувентус), Шоне (Џенова) и Ремзи (Јувентус), а во нападот Лозано (Наполи), Рибери (Фиорентина) и Лукаку (Интер).

Udinese Calcio

Освен нив, треба да се додаде дека пристигнаа уште бројни одлични играчи, меѓу нив и наши репрезентативци како Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), со што се зголеми колонијата на наши фудбалери во елитата. Горан Пандев е веќе стандарден во редовите на Џенова.

Треба да се истакнат уште Балотели (Бреша), Нандез (Каљари), Рафаел Леао (Милан), Лазаро (Интер), Обианг (Сасуоло), Манолас (Наполи), Барела (Интер), Наинголан (Каљари), Спинацола (Рома), Манчини (Рома), Бенасер (Милан)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот