Серија А: Одложен натпреварот помеѓу Џенова и Торино!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Иако беше закажан за 3 октомври (сабота, 18.00 часот), натпреварот помеѓу Џенова и Торино е одложен поради позитивни случаи на ковид-19 во клубот од „Луиџи Ферарис“.

После убедливиот пораз од 6:0 на гостувањето кај Наполи на Елиф Елмас, Џенова потврди дека има 14 заразени членови од коронавирус.

Исто така вонредниот совет на Серија А ја потврди примената на УЕФА правилата во италијанската лига.

Елмас и Пандев ќе играат против Косово, нивните тестови на корона се негативни

Доколку една екипа има на располагање 13 играчи, вклучително и голман, натпреварот треба да се одржи според планираното. Доколку некој тим сè уште не може да учествува, ќе претрпи службен пораз од 3:0.

На клубовите им е дозволено да побараат едно одложување без да им биде изречен пораз, доколку имаат најмалку 10 позитивни случаи во истото коло.

Да додадеме уште дека Џенова официјално има нов напаѓач, како конкуренција за Горан Пандев, ангажиран е Елдор Шомуродов кој доаѓа од редовите на рускиот Ростов.

Според италијанските медиуми овој трансфер вреди осум милиони евра, Шомуродов (25) минатата сезона во најсилното руско првенство имаше учинок од 11 голови во 28 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот