Серија А од следната сезона збогатена за уште двајца македонски фудбалери!?

фото: фејсбук/U.S. Lecce

Во тек се и натпреварите од втората италијанска лига, Серија Б и воедно се води борба за една од позициите кои водат во највисокиот ранг.

Моментно во Серија А настапуваат тројца наши репрезентативци, Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи).

Следната сезона во елитата би можеле да настапуваат уште двајца Македонци, станува збор за Бобан Николов и Лука Станковски.

Денеска се играат мечевите од 29 коло во Серија Б, Лече на нашиот Николов триумфираше на гостувањето кај Венеција (2:3). Николов беше на клупата на резерви, но остана без настап.

Моментно Лече е на третата позиција со 49 бодови, зад водечките Емполи (56) и Монца (50). На четвртото место е Салернитана (48), следуваат Венеција (46), Цитадела (45), Киево (43), Спал (42)…

Потсетување дека нов играч од Монца од следната сезона ќе биде досегашниот играч на Работнички, Лука Станковски.

Првопласираните две екипи автоматски се селат во Серија А, додека тимовите од третата до осмата позиција рангирани после регуларниот дел од шампионатот ќе играат во плеј-оф за последниот трет „билет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот