Серија А новата сезона ќе се игра пред гледачи

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Италијанскиот министер за спорт, Виченцо Спадафора најави дека најверојатно на навивачите од септември ќе им биде дозволено присуство на фудбалски натпревари.

Едиствен услов за да се случи тоа е пандемијата на коронавирусот да се држи под контрола.
Сезоната во Серија А по тримесечна пауза продолжи да се игра, но пред празни трибини и до крајот на првенството останаа да се доиграат уште три кола.
– Очигледно е дека стадионите нема да можат да бидат исполнети како што беше порано. Ќе има безбедносни протоколи кои моменто се разгледуваат и тие ќе мора да се почитуваат – изјави Спадафора.

Стартот на новата сезона во Серија А се очекува да биде кон средината на септември и како што најави Спадафора, ќе има и гледачи на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот