Серија А: Несторовски ја „грееше“ клупата, Удинезе никако да победи!

Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Денеска во заостанат натпревар од 10 коло во најсилното италијанско првенство екипата на Удинезе на домашен терен ремизираше 1:1 против Аталанта.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше на клупата за резерви во тимот од Удине, но не доби минутажа.

Уште во првата минута поведе домаќинот со голот на Перејра, а непосредно пред паузата се случи израмнувањето (Муриел, 44`).

Удинезе во Серија А подолг период не знае за победа, односно веќе осум меча по ред во Серија А. Последен пат триумфираше на 12 декември лани на гостувањето кај Торино (2:3).

На табелата играчите на тренерот Готи се наоѓаат на 15 позиција со 17 бодови, само четири повеќе од Торино кој е во опасната зона за испаѓање од Серија А. Аталанта е на шестото место со 33 бодови, 10 помалку од водечкиот Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот