Серија А: Наполи го слави Милик, Лацио од 0:3 до 3:3! (ВИДЕО)

twitter.com/sscnapoli

Одиграни два натпревари денеска во осмото коло од најсилното италијанско фудбалско првенство, Наполи триумфираше дома над Верона, а ремизираа екипите на Лацио и Аталанта.

После ремито кај Торино без голови овојпат Наполи не дозволи повторно да заврши меч само со еден бод, туку ја оправда фаворитската улога славејќи со 2:0 над Верона.

Најзаслужен за трите бода беше полскиот репрезентативец Милик во 37. и 67. минута од средбата после асистенциите на Руиз и Инсиње. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас иако беше на клупата за резерви, не доби шанса за настап од тренерот Карло Анчелоти.

Крајно возбудливо и интересно беше на дуелот на „Олимпико“ во Рим каде што Лацио и Аталанта приредија една вистинска голеада.

Во првото полувреме водеше Аталанта (0:3) со двата гола на Муриел и еден на Гомез, и се најавуваше една убедлива победа на играчите на Гасперини. Но, во вториот дел се вратија „небесно-сините“ и не дозволија на крајот да бидат поразени. Двапати од пенал беше прецизен Имобиле кој беше и асистент во 70 минута, а стрелец беше Кореја.

Серија А, 8. коло

Сабота –

Лацио-Аталанта 3:3
Наполи-Верона 2:0

20.45 часот
Јувентус-Болоња

Табела: Јувентус 19 бодови, Интер 18, Аталанта 17, Наполи 16, Рома 12, Лацио 12…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот