СЕРИЈА А: Милан во победничка атмосфера пред ДЕРБИТО со Интер! (ВИДЕО)

twitter.com/ACMilanInfo3

Вечерва во рамките од третото коло во најсилното италијанско фудбалско првенство, екипата на Милан ја оправда фаворитската улога славејќи на гостувањето кај Верона (0:1).

Проблеми за домаќините уште во првото полувреме, бидејќи Степински во 21 минута поради прекршок, односно невнимателно удирање со ногата во лицето на Мусачио го напушти теренот.

Тоа го искористија гостите во 68 минута, дојдоа до трите бода од пенал кој го реализираше Кшиштоф Пјонтек, а претходно со рака во казнетиот простор играше германскиот интернационалец Гунтер.

Во самиот финиш од средбата и кај „росонерите“ имаше исклучен фудбалер, Калабриа поради неспортски потег нешто слично како Степински мораше предвреме да оди кон соблекувалните. Милан во следното коло ќе игра против градскиот ривал Интер на 21 септември на „Сан Сиро“.

Рома со 4:2 на својот „Олимпико“ триумфираше над Сасуоло, а претходно Болоња имаше еден неверојатен пресврт на гостувањето против Парма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот