Серија А: Милан не може и против Лече! (ВИДЕО)

twitter.com/zazoomblog

Во денешниот последен натпревар во Серија А, Милан и Лече одиграа нерешено 2:2. Поведе Милан преку Хакан Чалханоглу во 20. минурта и тој резултат го имаше сè до 62. минута.

Бабакар тогаш промаши пенал, но одбиената топка дојде до него и ја испрати во мрежата за израмнување.

Кшиштоф Пјонтек во 81. минута беше прецизен за ново водство на домаќинот, но Милан без два бода остана во втората минута од судиското надополнување кога за конечни 2:2 погоди Калдерони.

Милан сега на 12. место на табелата има 10 бодови, а Лече со седум се наоѓа на 15. позиција.

Од денешната програма Интер во дуел со седум гола на гости го совлада Сасуоло, а Парма со 5:1 го декласираше тимот на Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот