Серија А: Клубовите за секој искористен тест, ќе донираат пет нови

твитер

Ваквиот предлог дојде за да бидат избегнати критики дека фудбалерите ќе ги преземат потребните ресурси на оние на кои им требаат повеќе тестови доколку можат да се вратат на тренинзи.

Клубовите од Серија А ќе донираат по пет тестови на коронавирус за секој кој го искористат кога ќе се вратат на тренинзите пред можното продолжување на сезоната, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Се вели дека тој е еден од предлозите од страна на италијанската фудбалска федерација и испратен до тамошната Влада која пак треба да донесе конечна одлука кога можат клубовите да започнат со тренинзи по паузата.

Ваквиот предлог дојде за да бидат избегнати критики дека фудбалерите ќе ги преземат потребните ресурси на оние на кои им требаат повеќе тестови доколку можат да се вратат на тренинзи.

Управувачкото тело на италијанскиот фудбал се надева дека тренинзите можат да продолжат во мај, иако министерот за спорт, Винченцо Спадафора во средата изјави дека се уште не е подготвен да даде „зелено светло“.

Италијанската фудбалска федерација веќе објави одредени делови од доставените предлози. Тие наведуваат дека играчите и сите вработени во клубот, помеѓу 40 и 50 лица, треба да бидат тестирани, а потоа да се изолираат во тренинг камповите каде што би започнувале подготовките.

Во текот на првата недела, играчите ќе треба да тренираат индивидуално, почитувајќи го растојанието, а потоа доколку не бидат позитивни, тогаш би можеле да започнат да работат и тимски, колективно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот