Серија А казни тренер поради богохулење

epa09059586 Crotone's head coach Serse Cosmi reacts during the Italian Serie A soccer match between FC Crotone and Torino FC at Ezio Scida stadium in Crotone, Italy, 07 March 2021. EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Дисциплинската комисија на Серија А донесе одлука да суспендира тројца тренери поради нивното однеснување во минатото коло.

Тренерот на Парма, Роберто Даверса е суспендиран на два натпревари бидејќи „упатил сериозни навреди на сметка на судиите“.
Покрај него, казнет е и тренерот на лидерот на табелата Интер, Антонио Конте, со еден натпревар суспензија бидејќи на дуелот со Аталанта доби жолт картон, додека третиот тренер кој е казнет е Серсе Косми од Кротоне.

Косми нема да може да го предводи својот тим против Лацио поради „богохулење“ кое го открија членовите на дисциплинската комисија.
Засега не е познато што кажал Косми за да добие суспензија од еден натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот