Серија А: Каков „проектил“ на Наинголан, триумф на Несторовски! (ВИДЕО)
Удинезе во својот осми натпревар оваа сезона во најсилното италијанско фудбалско првенство минимално со 1:0 славеше против екипата на Торино.
Единствениот гол за домаќините беше дело на јапонскиот интернационалец Окака после асистенцијата на Мандрагора.
На другите две средби Сампдорија без голови ремизираше против Рома, а Каљари со головите на Наинголан во деветтата и Фараго во 67 минута триумфираше над Спал.
https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1185909848371879939
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски за Удинезе влезе во игра од 85 минута како замена за Кевин Ласања.
Претходно објавивме дека на стартот од неделната програма Интер во меч исполнет со седум голови на гостински терен го совлада Сасуоло.
Серија А, 8. коло
Недела –
Сасуоло-Интер 3:4
Каљари-Спал 2:0
Сампдорија-Рома 0:0
Удинезе-Торино 1:0
18.00 часот
Парма-Џенова
20.45 часот
Милан-Лече
Табела: Јувентус 22 бодови, Интер 21, Аталанта 17, Наполи 16, Каљари 14, Рома 13…