Серија А: Импресивен рекорд на Аталанта, ремизираа Лацио и Интер! (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Аталанта со денешниот триумф од 5:2 против Каљари стана првиот тим кој постигнал четири или повеќе голови во секој од првите три натпревари во Серија А во сезона.

Во првото коло играчите на тренерот Гасперини славеа Торино (2:4), потоа и кај Лацио (1:4), а сега во првиот домашен меч од најсилното италијанско првенство доминираа и против Каљари.

На денешниот меч кај домаќините по еднаш во листата на стрелците се запишаа Муриел, Гомез, Пашалиќ, Запата и Ламерс, а на спротивната страна погодоците беа дело на Годин и Жоао Педро.

Во некомплетното трето коло Аталанта е лидер со девет бодови и во наредното коло ќе игра против Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на гостински терен.

Се одиграа уште три средби, Беневенто со 1:0 ја совлада Болоња, со истиот резултат Парма беше подобра од Верона, а на дербито во Рим Лацио ремизираше 1:1 со Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот