Серија А: „Гранде“ Пандев повторно на мегдан со Јувентус! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска на програмата се првите два натпревари од 29 коло во најсилното италијанско првенство.
На стадионот Луиџи Ферарис“ силите ќе ги одмерат Џенова и Јувентус (21.45 часот), дуел важен и за двете екипи. За „Старата дама“ бодовите се важни за да го одржува врвот во генералниот пласман на патот кон титулата.

Моментно играчите на Маурицио Сари имаат 69 бодови, четири повеќе од второпласираниот Лацио кој од 19.30 часот му гостува на Торино.

Џенова која и натаму нема триумф од враќањето на терените, ќе брка позитивен резултат во борбата за опстанок.

Засега е на „безбедното“ 16 место со 26 бодови, колку што има и Сампдорија, само еден бод повеќе од Лече кој е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција.

Нова пресметка за македонскиот репрезентативец Горан Пандев против Јувентус. Во минатото нашиот напаѓач веќе се запишувал во листата на стрелците против „Старата дама“:


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот