Сери: Пасијата на битолчани по ракометот е нешто ново за мене, импресиониран сум од амбиентот во салата

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер минатата сезона ја загуби битката за титулите со Вардар и управата на битолчани се одлучи да направи ремонт на екипата носејќи неколку нови ракометари меѓу кои е и левиот бек Руди Сери.

Сери во Е. Пелистер доаѓа од редовите на Сесон Рен, а денеска имаше и официјална промоција.

– Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола. За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите. Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил – изјави Сери.

Видео на денот