Серхио Рамос ја отвори душата: Ја сонував три пати пред да и напишам порака

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, летово  се ожени со долгогодишната љубов, новинарката Пилар Рубио (41 година). Рамос пред тв камерите ја отвори душата и раскажа што го наведе да и се јави на Пилар.

Во 2008 година, Рамос за време на летната пауза, додека одмораше во родната Севиља, дури три ноќи по ред ја сонувал Пилар Рубио по што одлучил да и се јави. Тие официјално за забавуваат од 2012 година, а имаат три сина, Серхио јуниор, Марко и Алехандро.

– Ја сонував за време на одморот, потоа и наредната ноќ, па уште една ноќ. Мислев дека Пилар е недопирлива, дека немам шанси кај неа, но исто така немав што да изгубам.Најлошата работа која можеше да ми се случи е да не одговори на моите повици и пораки. И напишав порака и таа ми одговори и потоа почнавме со разговор. Набрзо потоа конечно се запознавме и така започна нашата љубовна приказна. Се започна со порака на Ватс ап на која не о чекував одговор, а сега сме заедно и во добро и во лошо – вели капитенот на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот