Серхио Рамос има две понуди со кои го добива тоа што Реал не му го нуди

epa08699960 Real Madrid's defender Sergio Ramos celebrates after scoring the 2-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Real Betis and Real Madrid held at Benito Villamarin Stadium in Seville, Spain, 26 September 2020. EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Капитенот и претседателот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и Флорентино Перез, повторно имаат несогласувања поради новиот договор кој треба му биде понуден на фудбалерот.

Проблемот е во тоа што Перез му нуди само едногодишен договор на својот капитен кој пак бара договор на најмалку две години.

Поради тоа, познатиот шпански новинар Едуардо Инда, сензационално објави дека Рамос веќе има две понуди од две екипи кои се подготвени да му ја исполнат желбата на играчот на Реал Мадрид.

Од друга страна, претседателот Перез е свесен дека неговиот капитен не сака да си замине од Реал Мадрид по 16 години, и поради тоа и идвајцата играат игра на нерви.

Инда тврди дека екипите кои му нудат двегодишен договор на Серхио Рамос се Јувентус и ПСЖ, а се подготвени и да му ја исполнат и втората желба, 11 милиони евра нето годишна плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот