Сергеј Лавров на 7 јуни доаѓа во Белград

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доаѓа во посета на Белград на 7 јуни, јави дописникот на МИА од српскиот главен град.

Како што е најавено, тој ќе има средби со српскиот државен врв, а се очекува на средбата со претседателот Александар Вучиќ да стане збор за сите горливи теми, од настаните во Украина и позицијата на Србија кон оваа криза, преку ситуацијата во регионот и економската соработка во контекст на санкциите што Западот ги воведе на Русија.

Шефот на руската дипломатија доаѓа во време на голем притисок врз Србија да воведе санкции кон Русија, но и пред најавените разговори во недела меѓу Александар Вучиќ и Владимир Путин за гасот.

Ова е прва посета на висок руски функционер на Србија од избувнувањето на украинската криза, а доаѓа во време кога Европската унија го подготвува најтешкиот пакет санкции, кои Србија, како единствена држава во Европа, досега се нема приклучено.

Лавров треба да присуствува и на приемот по повод Денот на Русија, што ќе го организира руската амбасада во Белград на 7 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот