Сергеј Ќетковиќ скршен од болка: Наместо да го прослави роденденот, тој ја погреба својата мајка

Фото: Инстаграм

Пејачот Сергеј Ќетковиќ кој пред неколку дена наполни 45 години поминува низ, веројатно, најтешкиот период во животот.

Мајката на познатиот пејач починала од последиците на коронавирусот, пред два дена, во Подгорица, Црна Гора.

Таткото на Сергеј, исто така, е хоспитализиран поради зараза со ковид-19.

Сергеј ја погребал својата мајка на 8 март, токму на неговиот роденден, а неговата сопруга Кристина не можела да биде покрај него, со оглед на тоа што, како што пишуват локалните медиуми, и таа наводно е позитивна на коронавирусот.

Познатиот пејач одбил да ги коментира тажните вести. „Немам никакви изјави, не сум подготвен за каква било изјава“, изјавил тој, пренесуваат српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот