Серена за прв пат победи по 14 месеци и најави крај на кариерата

Серена Вилијамс/фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Американката Серена Вилијамс која се смета за една од најдобрите тенисерки најави заминување во пензија.

Вилијамс која идниот месец ќе наполни 41 години, вчера ја оствари првата победа по пауза од 14 месеци. Таа на мастерсот во Торонто со 6:3,6:4 ја совлада Нурија Парисас Дијас и тоа беше прв победа за Серена по 4. јуни 2021 година на Ролан Гарос.

Оттогаш Американката одигра само три меча поради повредите, а сега во Торонто најави дека во скоро време планира да се повлече од тенисот.

– Мислам дека веќе се гледа светлото на крајот од тунелот. Се поблиску сум до светлото, така да едвај чекам да дојдам до тоа светло. Кога велам светло мислам на слобода. Сакам да играм, но знаете не можам да го правам ова засегакогаш – изјави Серена Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот