Серена Вилијамс отворено за бракот: Сосема сме спротивни, ама мислам дека се надополнуваме

Instagram

Тенисерката Серена Вилијамс (38) во интервју за американски медиуми изјави дека не и е лесно во бракот со коосновачот на интернет-страницата Редит, бидејќи таа е спортистка, а Алексис е бизнисмен и дека се сосема спротивни.

Серена откри дека кога била во врска, не знаела дека нејзиниот сегашен сопруг има дете од претходниот брак.

„Бевме шест месеци заедно и не знаев многу за него. Пребарував на Google и открив дека има дете. Бев шокирана“, признава Серена.

Се венчале во 2017 година, а два месеца претходно ја добиле ќеркичката Алексис Олимпиа, која сега има две години.

Во едно интервју за американски медиум, тенисерката откри дека не и е лесно во бракот со коосновачот на интернет-страницата Редит.

„Јас сум спортистка, а тој бизнисмен. Јас сум Афроамериканка, тој е белец. Сосема сме спротивни, ама мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбираме на различни начини“, вели Серена.

Додава и дека не мислела дека ќе се омажи со маж кој има „друга боја на кожата“.

„Никогаш претходно не би рекла дека ќе се омажам со белец, но тоа покажува дека љубовта навистина нема боја ни предрасуди. Едноставно, љубовта е таква“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот