Серена Вилијамс може да игра со Швјонтек во полуфиналето на Вимблдон

Ига Швјонтек игра во голема форма/фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Денеска беше одредена ждрепката и за женскиот дел од Вимблдон, а очите на фановите беа вперени во Серена Вилијамс и во Ига Швјонтек.

Швјонтек е прва тенисерка на светот и игра во неверојатна форма годинава, а во првото коло на Вимблдон ја очекува пресметка со Јана Фет од Хрватска.

Првиот сериозен испит за Швјонтек би требало да биде четвртфиналниот дуел со Американката Џесика Пегула.

Во проектираните четвртфинални пресметки доколку нема ниту едно изненадување би требало да сретнат и Паула Бадоса – Каролина Плишкова, Даниел Колинс – Онс Жабер, Марија Сакари – Анет Контавеит.

На Вимблдон ќе настапи и Серена Вилијамс која оваа недела се врати на терените по точно една година пауза поради повреда. Американката во првото коло ја чека дуел со Армори Тан од Франција, додека можна противничка во полуфиналето и е првата носителка Ига Швјонтек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот