Серена Вилијамс и Андреску за титулата на „УС Опен“

фото: ВТА

Бјанка Андреску (19) која дебитира на последниот грен слем турнир „УС Опен“ во Њујорк приреди нова сензација. Канаѓанката успеа да стигне до финалето откако доцна синоќа славеше победа Белинда Бенчиќ од Швајцарија со резултат 2:0 по сетови 7:6 (3), 7:5 за 2 часа и 15 минути игра.

Андреску оствари импресивни 40 „винери“, иако имаше дури 38 неизнудени грешки. Таа воедно запиша седум аса, но имаше девет двојни грешки. Но, Бенчиќ имаше само 16 „винери“ на натпреварот и 32 неизнудени грешки и само 2 аса.

На тој начин стигна до своето прво грен-слем финале во своето деби на терените на „Флешинг медоуз”. Таа е прва тенисерка која постигнала такво нешто од Венус Вилијамс во 1997 година.

Во битката за трофејот, Канаѓанката ќе се соочи со Американката Серена Вилијамс која ја оправда фаворитската улога во втората полуфинална средба против Елина Свитолина од Украина со 6:3, 6:1.

Да потсетиме полуфиналните двојки во машка конкуренција се Рафаел Надал-Матео Беретини и Данил Медведев-Григор Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот