Серена Вилијамс е минато, Јапонката Осака е најдоброплатена спортистка

Јапонската тенисерка Наоми Осака и ја презеде титулата на најдоброплатена спортистка на светот на Серена Вилијамс, тврди магазинот „Форбс“.

Според магазинот, победничката на УС Опен од 2018 година и на Австралија Опен од 2019 година, минатата година заработила 37.4 милиони долари од турирски награди и спонзорите.

Ова е рекордна заработка за една спортистка за една година, досегашна рекордерка беше поранешната руска тениска убавица, Марија Шарапова која во 2015 година заработи 29.7 милиони долари.

Интересно е што од 1990 година на врвот на листата на „Форбс“ се наоѓаат само тенисерки, а од 2004 година па до минатата, на првото место се менуваа Шарапова и Серена Вилијамс.

Вилијамс во последните четири години беше спортистка со најголема заработка, а минатата година инкасира 1.4 милиони долари помалку од Осака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот