Серена Вилијамс, Џорџ Клуни или некој од семејството? Кој ќе му биде кум на малиот Арчи?

Instagram

Како што најави палатата, денеска ќе се одржи крштевањето на синот на принцот Хари и Меган Маркл.

Малиот Арчи ќе биде крстен во Виндзор со вода од реката Јордан

Војводата и војвотката од Сасекс ќе објават некои од фотографиите од крштевката што ќе ги сними фотографот Крис Алертон.

Крштевката ќе се изврши во интимен семеен круг, а имињата на кумовите нема да се откријат. Има шпекулации дека кума може да биде Серена Вилијамс, но не се исклучува ни Џорџ Клуни. Исто така предвид доаѓаат и некои членови од семејството.

Поканети се само 25 луѓе, а се очекуваат најблиските членови од семејството: принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со нивните три деца, мајката на Меган Доротеа Рагланд и кумовите.

Кралицата Елизабета поради веќе закажани обврски нема да може да присуствува на крштевката на осмиот правнук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот