Серена се повлече од Синсинати, Дел Потро од УС Опен

фото: ВТА

Серена Вилијамс поради проблеми со грбот се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Последниот настап на Американката беше во финалето на турнирот во Торонто, каде го предаде мечот од Бјанка Андреску. Вилијамс синоќа требаше да игра против Зарина Дијаз, а нејзиното место го зазеде среќната губитничка Џесика Пегула.

– Тажна сум што морам да се повлечам од Синсинати бидејќи ова ми е еден од омилените турнири. Дадов се од себе за да се подготвам, на утринскиот тренинг немав големи болки но свесна сум дека не можам да го издржам сиот напор кој го носи еден натпревар – изјави Вилијамс.

Титулата на најмалерозен тенисер на денешницата без сомнение му припаѓа на Хуан Мартин Дел Потро. Аргентинецот објави дека нема да учествува на последниот годинешен грен слем турнир УС Опен. Причината за откажувањето од УС Опен на Дел Потро е бидејќи сè уште се опоравува од операцијата на коленото. Дел Потро минатата година играше во финалето на УС Опен и загуби од Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот