Серена се повлече од Мастерсотво Рим

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Серена Вилијамс пред дуелот од второто коло против својата постара сестра, Венус, одлучи да се повлече од Мастерс турнирот во Рим, поради повреда на левото колено.

Како резултат на повлекувањето, нејзината сестра Венус ќе игра во третото коло со победничката од дуелот помеѓу Британката Џоана Конта и Слоун Стивен од САД.

– Морам да се повлечам од Мастерсот во Рим поради болки во левото колено. Ќе ми недостасуваат навивачите и натпреварувањето на еден од моите омилени турнири. Ќе се обидам да се подготвам за Ролан Гарос – изјави Серена Вилијамс.

Серена на турнирот во Рим има скор од 43 победи и само осум порази, а во првото коло ја совлада Ребека Петерсон со 6:4,6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот