Серена повторно шокира со стајлингот

EPA-EFE/YOAN VALAT

Серена Вилијамс втора година по ред го шокира навивачите на Ролан Гарос со својата гардероба.
Вилијамс за годинешното издание на Ролан Гарос избра необична црно-бела комбинација.

EPA-EFE/YOAN VALAT

Згора на тоа, на нејзината облека, на француски јазик беа испишани четири зборови, МАЈКА, ШАМПИОН, КРАЛИЦА, БОЖИЦА и тоа на француски јазик како еден вид на респект кон организаторот на турнирот. Сепак, нејзиниот стајлинг не им допадна на сите.

– Верувам дека понекогаш отидовме предалеку со гардеробата. Стајлингот на Серена од минатогодинешниот настап повеќе не е прифатлин, но не сум сигурен дека и најновата гардероба ќе биде прифатлива во иднина. Мора да се почитува играта и местото – изјави Бернар Гудичели, претседателот на Француската тениска федерација.

Таа во првото коло успеа да ја совлада Виталија Датченко со 2:6,6:1,6:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот