Серена доминантно во 11. Финале на Вимблдон – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Серена доминантно во 11. Финале на Вимблдон

Американската тенисерка ќе се бори за осмиот трофеј на престижниот гран слем турнир.

Американката Серена Вилијамс обезбеди пласман во финалето на Вимблдон откако во полуфиналето со убедливи 6:1,6:2 ја победи Барбора Стрицова.

Вилијамс со пласманот во 11. финале на Вимблдон дојде за само 61 минута игра, а во борбата за трофејот ја очекува Симона Халеп кој претходно ја елиминира Елина Свитолина исто така во два сета.

Во првиот сет, Серена до брејк дојде во четвртиот гем за водство од 3:1, а потоа уште еднаш го одзеде сервисот на Стрицова и за само 28 минути игра го освои првиот сет.

И во вториот сет, Стрицова не беше рамноправен ривал, нејзиниот отпор траеше до петиот гем кога Американката направи брејк за 3:2, и до крајот на мечот уште еднаш успеа да го одземе сервисот на чешката тенисерка.
Во сабота Серена Вилијамс ќе има можност да дојде до осмиот трофеј на Вимблдон, додека Халеп ќе атакува на првиот триумф на најпредтижниот тениски турнир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close