Серечи: Она што се случува на плоштадот во Скопје е прво поради незнаење, второ заради личните интереси

На 110-годишнината од раѓањето на светицата Мајка Тереза, беше откриена спомен-плоча во спомен на нејзиниот живот и дело. Таа беше откриена во центарот на Скопје на местото каде што се наоѓала родната куќа на Гонџе Бојаџиу.

Од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците најавија дека следната активност на одделот „Мајка Тереза“ во Институтот е да се постави менза за сиромашни, по примерот на народните кујни што ги отворала самата Мајка Тереза, пренесува Коха.

Новинарката Дијана Тоска, креатор на химната за Света Мајка Тереза, реагираше по откривањето на спомен-плочата. Таа рече дека плочата нема ни идеолошки, ни естетски концепт. Според неа, на плочата требало да пишува Света Мајка Тереза, а не само Мајка Тереза затоа што таа веќе во 2016 година беше прогласена за светица. Тоска дури реагираше и за поставувањето на името на донаторот на спомен плочата.

„Ако видите на другата плоча има крст, идентификација на Мајка Тереза. На плочата на албански јазик нејзиниот крст не е поставен и тоа остава многу прашања. Што се крие зад тоа? Зошто не е поставен? Кој се плаши од идентитетот или да не карикирам да кажам, дали ќе се преиначи Мајка Тереза во муслиманка? Ова е невиден апсурд, оваа плоча нема идеолошки или суштински концепт. Потоа, од другата страна е поставено името на донаторот. Ако го земеме хуманитарниот аспект на добротворни цели, сите донатори никогаш не го пишуваат нивното име, ако го сторат тоа во смисла на добротворна цел. Но, ако тука лежи политичката позадина, тогаш ова е уште полошо затоа што името на Мајка Тереза е манипулирано, се поигрува и се користи за политички теми.“

„Таа плакета не е само грда, туку е и хорор. Она што се случува на плоштадот во Скопје е прво поради незнаење, второ заради личните интереси. „Скендер е експерт за холокаустот, протестантите и католиците“, рече Антон Серечи, истражувач на животот и делото на Мајка Тереза.

Серечи има и директно прашање за Институтот за културно наследство на Албанците. „Зошто на Институтот за културно наследство на Албанците му беше отстранет името на Пејетер Богдани? Што е институционализирано од големиот Арбен Џафери“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот