Сепак има нешто меѓу нив? (ФОТО)

Пејачката Лејди Гага и Бредли Купер повторно се во центарот на јавноста поради потенцијалното продолжување на „швалерисувањето“.

Во јавноста дојдоа информации дека познатата пејачка Лејди Гага и ѕвездата на филмот „A star is born“ Бредли Купер планираат заедно да ја прошетаат Шкотска по повод фестивалот Гластонбери на кој парот настапи и во прославениот филм.

За оваа вест се дознало така што една шкотска водителка во својата емисија изјавила дека треба да угости славен глумец кој ќе отпее песна или две со Лејди Гага, но дека тоа се уште е тајна.

Нивното потенцијално гостување во Шкотска посебно ги израдува нивните фанови кои веќе на големо зборуваат дека нивното доаѓање не е само поради фестивалот, туку и желбата да поминат повеќе време заедно.

Да потсетиме, актерот се раздели од руската манекенка Ирина Шејк, со која има ќеркичка, а како главна причина се смета наводното зближување на Купер со Лејди Гага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот