Сензорна соба за децата од градинката „Кочo Рацин“

Фото: Слободен печат

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и
социјална политика, Јагода Шахпаска го посетија матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде привршува изведбата на сензорната соба за престој на деца со интелектуална попреченост и потешкотии на развојот.

-Благодарение на грантот добиен од Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP, го
реализираме проектот ‘Зајакнување на капацитетите за социјална инклузија на детските
градинки на Општина Центар’. Денес, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посетивме матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде во полн ек
се одвива изведбата на сензорната соба. Овој проект беше дел од предлог-проектите произлезени од општинските граѓански форуми кои Општина Центар, Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP ги реализираа во 2020-га година и беше изгласан како приоритетен“, изјави при посетата градоначалникот Богдановиќ.

Фото: Слободен печат

Со проектот се опремуваат три сензорни соби, во секоја детска градинка во општината по една соба. Овие три сензорни соби се опремени по сите меѓународни стандарди за работа со деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развојот. Се работи за современ концепт кој вклучува низа активности потребни за развојот на оваа категорија на деца.

– За нас предучилишниот и раниот детски развој претставуваат приоритет број еден. Инклузивното предучилишно образование, треба да им помага на нашите најмлади граѓани понатаму да се развиваат и влезат во процесот на образование. Сензорната соба претставува инструмент, алатка во рацете на стручните работници и вработени во градинките, кои преку претходна обука можат да одговорат на потребите на децата, кои преку сензорната соба ќе ги развиваат своите сензорни способности, изјави Шахпаска.

Фото: Слободен печат
Во рамки на проектот реализирани се и обуки на стручниот и воспитниот кадар во градинките
за работа со овие дечиња во сензорните соби, од страна на лиценцирани едукатори
Вкупниот буџет на проектот е 1.540.000 денари, од кои 1.400.000 денари се наменети за
опрема на трите сензорни соби и 140.000 денари за обука на стручниот и воспитен кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот