Сензационална победа на Еурофарм над Веспрем – Слободен печат
РакометСпорт

Сензационална победа на Еурофарм над Веспрем

Унгарскиот тим е поразен во Битола.

Екипата на Еурофарм Работник приреди вистинска сензација во Битола со победата над еден од фаворитите за триумф во СЕХА лигата но и во Лигата на шампионите, Веспрем. Битолчани го победија Веспрем со 26:24 и го задржаа максималниот ефект во СЕХА и по три кола.

Ракометарите на Еурофарм предводени од одличниот Никола Митревски одиграа фантастично прво полувреме кое го добија во своја корист со 14:8 со што ја најавија големата победа.
Во второто полувреме, Веспрем влезе многу посериозно, го засили темпото во одбраната и по 16.минути игра дојдоа до израмнување (19:19). Ракометарите на Стефче Алушовски одговорија со своја серија од 3:0, но унгарскиот тим повторно успеа да израмни.

Се чини дека тоа беше последниот налет на фаворизираниот Веспрем кој до крајот на средбата не најде решение за Стјепановиќ чии голови го решија победникот.

Ловро Јотиќ беше најпрецизен со осум постигнати голови, Стјепановиќ даде пет, додека на голот блескаше Митревски со 13 одбрани, од кои 11 беа во првиот дел. Во редовите на Веспрем, Гајиќ даде девет гола, додека репрезентативното крило Дејан Манасков три пати ја тресеше мрежата на Еурофарм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close