Сензација во Струга, „пандевци“ ја шокираа Шкендија

facebook.com/fcshkendija

Екипата на Струга Трим Лум иако „аутсајдер“ на крајот беше подобра од „романтичарите“, а шампионот Шкендија сеуште како да продолжува во криза, после европското неуспешно лето.

Бранителот на трофејот од минатата сезона, Шкендија загуби минимално на гостувањето кај Академија Пандев (1:0).

Првите три бода за струмичани ги обезбеди Сашко Пандев со прекрасен гол од слободен удар во 61 минута од средбата.

Ренова на домашен терен благодарение на погодокот на Велиа во 38 минута славеше против Силекс. Потоа, Шкупи со 2:0 го надигра новиот прволигаш Борец, стрелци на головите за тимот од Чаир беа Јурина и Удиаби.

И во последниот дуел, новајлијата Струга Трим Лум приреди изненадување совладувајќи го Работнички со 2:1. По повеќе од две децении се врати прволигашкиот фудбал во Струга, и тоа на триумфален начин…

Скопскиот клуб поведе во 14 минута, па израмни Мустафов со еден фантастичен погодок во 26 минута, а Лена во 60 минута го постави конечниот епилог за голема радост на домашните навивачи во Струга.

1МФЛ, прво коло

Сабота:

Академија Пандев-Шкендија 1:0
Ренова-Силекс 1:0
Шкупи-Борец 2:0
Струга Трим Лум-Работнички 2:1

Недела:

17.30 часот
Вардар-Македонија ЃП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот