Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Селекцијата на Данска приреди сензација во квалификациите за Европското првенство 2022 година совладувајќи ја кошаркарската велесила Литванија со 80:7.

Литванците не настапија со најдобрите кошаркари поради натпреварите во Евролигата, но сепак играа со респектабилен тим и во поголем дел на наптреварот беа во водство, дури имаа и двоцифрена предност (33:21) но целосно потрфрлија во второто полувреме.

Данските кошаркари успeаја да се вратат во третата четвртина, израмнија на 51:51 и ја завршија четвртината со минимално водство од 59:60. Во последниот период Данците постојано беа во водство, го задржаа до крајот и сосема заслужено ја остварија најголемата победа во својата историја.

Габриел Лундберг со 28 поени и седум скока беше најдобар во редовите на Данса, а Матијас Кристенсен постигна 13 поени. Кај Литванија Деивидас Гаилиус даде 16 поени, а Томас Димса еден помалку.

Во дербито на денот, Црна Гора ја победи Германија со 80:74 и се наоѓа на само една победа од пласман на ЕП.
Џастин Кобс со 20 поени и шест асистенции беше најзаслужен за победата на Црногорците, Никола Ивановиќ даде 18 поени, а Зоран Николиќ 11 поени и осум скокови. Во редовите на Германија се истакнаа Роберт Бензинг со 21 и Андреас Обст со 17 поени.
На чекор до пласман на ЕП се наоѓа и селекцијата на БиХ која со убедливи 88:49 ја декласира Бугарија, додека сигурен настап имаа и Хрватска против Турција (79:62) како и Франција против Велика Британија (79:56).

Резултати:

Холандија – Шведска 78:76
Чешка – Белгија 62:90
Хрватска – Турција 79:62
Грција – Летонија 66:77
Велика Британија – Франција 56:79
Литванија – Данска 76:80
БиХ – Бугарија 88:49
Германија – Црна Гора 74:80

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот