Сензација од Англија: Бејл преговара за кам-бек во Тотенхем

Герет Бејл се наоѓа пред шокантно враќање во Тотенхем од каде замина во Реал Мадрид.

Веста на денот во фудбалска Европа доаѓа од Англија и таа гласи, Герет Бејл се враќа во Тотенхем.

Како што пренесува „Телеграф“, Бејл најверојатно ќе пристигне во тимот од каде замина во Реал Мадрид, на позајмица, а во спротивен правец, односно на „Сантијаго Бернабеу“ би дошол Деле Али, исто така како позајмен играч.

Според весникот, Бејл е согласен да се врати во Тотенхем, а Реал Мадрид би покривал 50 проценти од платата на Велшанецот.

Веста за преговорите ја потврди и агентот на фудбалерот, Џонатан Барнет.
– Герет се уште го сака Тотенхем. Преговараме бидејќи тоа е место каде повторно би сакал да игра – изјави Барнет.

Герет Бејл во Реал Мадрид дојде во 2013 година токму од Тотенхем за тогаш рекордни 100.8 милиони евра и со „кралскиот“ клуб освои четири титули во Лигата на шампионите како и две во Ла Лига, но со враќањето на Зинедин Зидан на клупата, Велшанецот падна во втор план и повеќе беше на трибините отколку на теренот.

Прочитајте и...  Металург по швајцарски „билет“ за влез во групите на Лига Европа!

Прочитај повеќе

Динамо Киев, Олимпијакос и Ференцварош ќе играат во ЛШ

Слободен печат

Војдан Стојановски и Данкерк го доживеаја и вториот пораз во францускиот шампионат

Слободен печат

Ролан Гарос: Циципас со пресврт во второто коло

Слободен печат

Сопственикот на Далас, Кјубан го спаси од улица пропаднатиот НБА играч

Слободен печат

Металург ќе игра во ракометната Лига на Европа

Слободен печат

Дортмунд ги одби милионите од Јунајтед за Санчо

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Алкантара позитивен на коронавирус

Слободен печат

Тони Надал: За Федерер секогаш имавме план, против Новак не знавме што да очекуваме

Слободен печат

Иако загуби од Ѓоковиќ, Имер го има поенот на турнирот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардар повторно не игра ЛШ, одложен натпреварот и против Пик Сегед

Слободен печат

КФСМ има резервен план доколку се појават проблеми со коронавирусот во мак баскетот

Зоран Спасоски

Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно во второто коло

Слободен печат